(Видео) Божикниот спот се снимаше во Галичник со актерот Мето Јовановски

Традиционално, и овој Бадник здружението „Бадникови поворки“, со помош од Бигорскиот манастир, објави божикен спот како подарок за верниците.

Возобновената песна „Христос се раѓат, на светот радост“ ја отпеа „Љубојна“, во соработка со голем број музичари.

Видеото е во режија на Дејан Пројковски, а главен актер е Мето Јовановски. Спотот е снимен во Галичник и во одаите на Бигорскиот манастир. Песната потекнува од времето на Ромејското Царство, Византија, и се пеела меѓу мијачкото население. Нејзиниот народен мелос е карактеристичен за нашите простори, како и за богатата традиција што сме ја сочувале како наследници на ромејската култура.

Од здружението „Бадникови поворки“ велат: „Со радост соопштуваме дека и покрај строгите протоколи и отежнати околности поради пандемијата, успеавме да оставиме за навек уште едно музичко дело“.

Scroll to Top