(Видео) Дамјан Димевски со македонска народна песна го освои жирито на „Гранд“

Скопјанецот Дамјан Димевски е единствениот од шесте македонски кандидати кои пееја во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ и кој помина во следниот круг.

Дамјан на сцената излезе облечен во народна носија и ја испеа „Јано мори“ а потоа се преоблече и ја пееше „Никој како тебе не бакнува“.  Жирито му честита на одличниот настап и му предложија и во иднина да пее само народно.

„Одличен настап на првата песна, Тоше не ти лежи, те молам продолжи со македонскиот мелос. Секоја чест“, му кажа Ѓорѓе Давид.

И Снежана Ѓуришиќ го пофали, па рече дека Дамјан испеал нешто што не го може секој.

Настапот можете да го погледнете на 2:53:00.

Scroll to Top