(Видео) Дани и Пеце од „Суперхикс“ сакаат да се заедно

Пејачката Дани Димитровска и Пеце „Суперхикс“ ја снимија втората заедничка песна „На крајот на овој свет“.

Песната е на Весна Малинова-Бабамов, а во спотот се појавуваат и Пере од „Нокаут“, Игор Џамбазов, Љубојна и Вера Јанковиќ. Во видеото се прикажани многу светски катастрофи и тешкотиите со кои се соочуваме во секојдневието.

И во целата таа приказна акцентот е ставен повторно на љубовата, па тие велат „сакам да сме заедно до крајот на светот“.

„Поддршката е суштинска во време кога недостасува музика. Онаа колегијалната од заемна почит е од особено значење“, велат Дани и Пеце.

Scroll to Top