(Видео) Дарио носталгичен: Моите спомени вредат повеќе од овие лажни животи

Пејачот Дарио Панковски има нова балада „Какви се овие времиња“. Тој ги напиша музиката и текстот, за кои му помогна неговата ќерка Андреа. Аранжманот е на Кристијан Габроски. Дарио песната со спот ја промовираше преку Фејсбук, па откри дека песмата ја напишал од срце, а ја отпеал со душа.

„Ги носам моите спомени гордо ко на гради ордени, тие вредат многу повеќе од сите овие лажни животи“, напиша Дарио.

Тој беше еден од најпопуларните музичари во 80-те и 90-те години. Кариерата ја почна со групата Миг 21, а потоа продолжи соло кариера и испеа бројни хитови. Еден период се повлече од музиката, но последниве години пак е активен и неколку пати годишно објавува нови песни.

Scroll to Top