(Видео) Дарко Панчев ги собра фудбалските легенди, политичари, личности од јавниот живот на промоцијата на својот филм

Поранешни и актуелни политичари, личности од јавниот живот, спортисти, музичари вчервечер беа дел од промоцијата на документарниот филм „Патот на Кобра до ѕвездите“ за македонската спортска жива легенда Дарко Панчев.

Салата во „Александар Палас“ претесна за да ги собере сите почитувачи на ликот и делото на познатата деветтка, како и љубители на фудбалот на едно место. Фудбалската приказна за момчето од Кисела Вода , кое играше во дресот на ФК Вардар, а потоа стана омилен на ју просторите со дресот на ФК Црвена ѕвезда.

На премеирата на филмот во првите редови беа и некогашните фудбалски великани Дејан Савиќевиќ, Драгиша Биниќ, Слободан Маровиќ, Илија Најдоски,  Стеван Стојановиќ, Драган Стојковиќ-Пикси, Васил Рингов, Методија Спасовски, Бошко Ѓуровски, Вујадин Станојковиќ и Драган Канатларовскиза кои беа поздравени со стоечки овации и аплауз од присутните.

Панчев поддршка имаше од неговата пожена половина, сопругата Маја Гроздановска Панчева, и ќерките Надица и Марија.

Претседтаелот на ФФМ, Муамед Сејдини на Панчев му подари дрес од македонската фудбалска репрезентација.

Документарниот филм „Патот на Кобра до ѕвездите“ е продукција на регионалната спортска телевизија „Спорт клуб“.

„Филмот што вечерва го погледнавте е само дел од серијалите кои ќе се емитуваат. Ова е само сублимат од тие пет до шест епизоди. Година ипол дена се работи на собираше материјали и изјави, не беше лесно. На дечките им беше уште потешко бидејќи шетаа низ регионот, но на крај успеаа да направат добар документарен филм, тие што го сакаат тој спорт ќе бидат задоволни“, рече Панчев за Репортер.

Сопругата на Панчев, Маја беше во друштво на ќерките Надиза и Марија кои веќе како повозрасни ја сваќаат големината на она што го направил нивниот татко во светот на фудбалот.

„Се воздржувавме сите три да не заплачеме затоа што во многу наврати и фамилијарно се случувало да апогледнеме некои голови од тато. Веќе сме возрасни и поголеми и да ги подучиме каде тато правел, што играл. Но мислам дека ова е само дел од она што Дарко го направил. Ќе има уште многу, многу серии каде што ќе ги гледаме“, рече Маја Гроздановска Панчева за Репортер.

Габриела Додевска

 

 

 

Scroll to Top