(Видео) Децата од „Златно славејче“, Ламбе и Антониа“ пред Божик ја снимија „Вечниот бог“

Ламбе Алабаковски, децата од Златно Славејче и Антониа Гиговска пред Божик ја снимија песната „Вечниот Бог“. Тие деновиве во Охрид ќе го снимат и спотот за песната, чиј режисер ќе биде Дејан Пројковски.

„Наближуваат Бадник и Божик, а во 50 градови и населени места во тек се подготовките за Бадниковите поворки кои ќе се одржат на 6 јануари. Почнаа редовни проби, но и работилници за изработка на ѕвезди, за ниедно дете да не остане без божикна ѕвезда. Децата во поворките ги симболизираат ангелите што го најавуваат Христовото раѓање, а ѕвездите што ги веат додека трае поворката се водилка кон местото каде што тој се раѓа. Симболично прикажано, кај нас тоа е патот до божикната пештера во која е претставен целиот настан на Божик“, велат организаторите.

 

Scroll to Top