(Видео) „Девојките и книгите не ме интересираа“, Пандев за периодот пред да стане фудбалска ѕвезда

Најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, во интервју за клупската телевизија на неговиот италијански клуб Џенова, раскажа за дел од неговата кариера, но и за животот пред да стане фудбалска ѕвезда. Тој откри и за дел од неговиот семеен живот и како се запознале со Надица.

„На времето сакав да играм само фубдал. Не ме интересираше ништо друго. Ни девојките ни школото. Сакав да играм само фудбал. Тоа беше додека не ја сретнав мојата сопруга. Со Надица се запознав преку наш заеднички пријател. Денеска сме среќни во бракот и имаме три деца. Сите се родија во Италија, Филипо во Милано, Ана во Неапол, а Софија во Џенова“, раскажа Пандев.

Македонскиот капитен зборуваше и за пандемијата со коронавирусот и посака што побрзо публиката да се врати на фудбалските терени.

„Се надевам дека брзо ќе заврши кризата со Ковид-19 и дека публиката ќе се врати на терените. Сакам да имаме навивачи на трибините кои ќе не бодрат на Европското првенство и заедно да се радуваме“, додаде Пандев.

Фудбалерот во кариерата има постигнато многу голови, но, за него најубави се оние против Јувентус и Верона.

„Го паметам голот кој го дадаов за Лацио против Јувентус. Успеав да ги издриблам Турам и Канаваро и на крајот да го совладам Буфон. Драг ми е и оној против Џенова, кога го совладов голманот со лоб удар“, се сеќава Пандев.

 

 

Scroll to Top