(Видео) Џамбо Агушев и Благојче Трајковски снимија песна со светскиот гитарист Ангел Демирев

Кларинетистот Благојче Трајковски има нова инструментална композиција „Вулкан“, на која му гостуваат трубачот Џамбо Агушев и светски познатиот гитарист од Бугарија, Ангел Демирев. За песната снимија и видео во Куршумли Ан во Скопје.

„’Вулкан’ е една многу ведра, лесна и брза композиција каде што секој од инструменталистите остава свој белег. Благодарен сум на Димитар Христов за посебната енергија во создавањето на аранжанот. Џамбо ми е брат по музика и секое музицирање со него за мене е посебно задоволство“, вели Трајковски.

Како гости во песната се појавуваат и Иван Кукиќ на бас, Благоја Антовски на ударни инструменти, Ратко Даутовски на перкусии и Петар Миланов на гитара.

Scroll to Top