(Видео) Џамбо Агушев и групата Фонтана направија модерна преработка на „Касапско оро”

Групата Фонтана и трубачот Џамбо Агушев направија модерна преработка на „Касапско оро“, една од најпознатите инструментални песни во регионот. Песната е снимена за потребите на документарниот филм посветен на „Касапско оро“, кој треба да се промовира наскоро.

„Поканата да го реализираме ова парче музика за мене, а и за останатите колеги беше чест и големо задоволство. Мене како солист ова ми е трета обработка на оваа безвременска тема и секаде каде што ми се овозможува прилика со задоволство ја изведувам. Посебно се радувам што токму со Џамбо го реализиравме овој проект. Легендарните снимки од ова оро, кои ги оставија Тале Огненовски и Благоја Дескоски, се столб во македонската традиционална музика и заслужуваат бескрајна почит. Тие изведби за мене лично претставуваат огромна инспирација“, вели Трајковски.

Песната е снимена во студио „Подрумот“ на Ангел Ќосев, а видеото го изработи „Веста продукција“.

Scroll to Top