(Видео) Димитар Андоновски и Сара Мејс ја препеаја „Ако одам во Битола“: нов звук на познатата народна песна

Пејачот Димитар Андоновски, харфистката Сара Мејс и групата „Фонтана“ ја преработија една од најубавите македонски народни песни – „Ако одам во Битола“. Песната, која ја нарекуваат и химната на Битола, доби нова верзија.

Димитар, кој пее, вели дека се потрудил да направи нешто квалитетно, со кое битолчани уште повеќе ќе се гордеат во иднина.

„Песната е во чест на легендарниот автор Петар Георгиев-Калица“, рече тој.

Сара овој пат не пее, туку само свири на харфа, а свират и момците од познатата битолска група „Фонтана“.

Scroll to Top