Пејачот Димитар Андоновски ќе стане татко по вторпат. Неговата сопруга Христина е бремена со нивниот втор син.
Андоновски сподели видео на Фејсбук од семејна забава, за откривање на полот. Постариот син Михаил (4) со мал чекан ја скрши срцевидната торта и им откри на своите родители дека ќе добијат уште еден син, што меѓу другото било и негова желба.
„Момче е“, напиша тој.
Димитар ја побара за сопруга Христина на хуманитарен концерт во Битола, а три месеци подоцна тие се венчаа. Година и пол подоцна го добија синот Михаил.