(Видео) Димитар Андоновски ќе стане татко по вторпат, Христина бремена со уште еден син

Пејачот Димитар Андоновски ќе стане татко по вторпат. Неговата сопруга Христина е бремена со нивниот втор син.

Андоновски сподели видео на Фејсбук од семејна забава, за откривање на полот. Постариот син Михаил (4) со мал чекан ја скрши срцевидната торта и им откри на своите родители дека ќе добијат уште еден син, што меѓу другото било и негова желба.

„Момче е“, напиша тој.

Димитар ја побара за сопруга Христина на хуманитарен концерт во Битола, а три месеци подоцна тие се венчаа. Година и пол подоцна го добија синот Михаил.

 

Scroll to Top