(Видео) ДНК го објави на Јутјуб концерот одржан неодамна со кој славеа јубилеј

Дуото ДНК го објавија концертот на „Јутјуб“ кој го направија за 20 години постоењето на македонската музичка сцена. Концертот беше во декември минатата година, во преполната сала „Борис Трајковски“. Во публиката видовме многу познати глумци, пејачи, спортисти и политичари.

„Драги луѓе, во мое и во името на Андреј и целиот бенд ви се заблагодаруваме. Ова е најдоброиот подарок кој можеше да го добиеме за еден роденден. Бескрајно сме ви благодарни. 20 години постоиме само за вас и ова никогаш нема да ви го заборавиме“, и рече Панчо тогаш на публиката.

Го почнаа со последната објавена песна „Романи“, а ги пееја и останатите хитови кои ги создадоа изминативе години. Концертот ќе остане запаметен како еден од најпосетените во последниве дваесетина години. За потсетување, дел од средства од продажбата на билетите беа наменети за хумантарни цели и фондацијата „Марко Божиновски“ во која Панчо и Андреј се членови.

 

Scroll to Top