(Видео) Драгана Костова растури во „Гранд“, уште една македонка го крена на нозе жирито

Драгана Костова, од Струмица вчера во „Ѕвездите на Гранд“ имаше одличен настап и уште еднаш го воодушеви жирито и публиката.

Костова, која е во тимот на Марија Шерифовиќ, ја пееше песната „Солзи за крај “ од Даница Крстиќ и песната „Уште е 12 часот“ и пак  покажа дека е одлична.

Жирито повторно се воодушеви од неа и струмичанката со 6 гласа помина во наредниот круг на „Ѕвездите на Гранд“.

Драгана оваа сезона доминира во најпознатото Балканско музичкото натпревување.

Scroll to Top