(Видео) ДС Колектив користи знаковен јазик во новиот спот

„Кога зборот станува мелодија тогаш знакот станува танц“ е мотото на новиот видео спот на DS Collective за песната „Свет“, која е во соработка со Alex V.

„Кореографијата во видеото е инспирирана од знаковниот јазик преку која сакавме накратко да влеземе во кожите на оние што ‘слушаат со очите’. Барем на момент да почувствуваме дека зборовите за ушите се истото она што и знаците за очите. Во процесот на креирање тргнавме многу спонтано, сакавме да дадеме некоја друга друга тежина на видеото, да пренесеме порака, а сепак да биде различно од она што сме го работеле и претходно. Кога се одлучивме да биде видео со танц, тогаш се обидовме и ние да научиме по нешто, текстот на песната го преточивме во знаковен јазик, а потоа во танц. Сметаме дека е важно да ја пренесеме емоцијата што пошироко, уметноста сепак нема граници“, вели Стефан Сајковски познат како DS Collective.

Кореографијата e дело на Јована Зајкова која ја има и главната улога во видеото. Спотот го реализираа Бобан Костоваки и The Media.

За потсетување, пред неколку месеци го промовираше својот деби албум со 13 песни под насловот „Јас сум, ние сме“. Албумот е достапен на сите онлајн платформи.

Scroll to Top