(Видео) „Двајца браќа“ нова фолк-песна на естрадата

Фолк-групата „Фокус бенд“ го објави спотот за песната „Двајца браќа“, која ја испеаја на овогодинешниот „Прилеп фолк-фест“. Текстот и музиката се на Борче Нечовски, а аранжманот го направи Дејан Момироски.

„Композицијата е сентиментална и говори за двајца браќа кои засакале една иста девојка, но да не откриваме се, нека ја слушнат цела песна. Искрено се надеваме и веруваме песната ќе ѝ се допадне на публиката и ќе допре до нивните срца,“ велат момците од бендот.

За песната снимија и спот во режија на „Арт продукција“, на езерото Козјак и во селото Павлешенци. Покрај членовите на  бендот, во видеото се појавуваат и децата од фолклорниот ансамблот „Јанко Глигоров“.

Момците од „Фокус бенд“ најавуваат нови проекти во иднина, меѓу кои и турнеја на која тргнуваат догодина.

Scroll to Top