(Видео) Еди Марфи доби награда за животно дело на „Златен глобус“, па го исмеа Вил Смит за шлаканицата на „Оскарите“

Глумецот Еди Марфи на доделувањето на „Златниот глобус“, се шегуваше на сметка на Вил Смит. Откако ја прими наградата за животно дело Cecil B. DeMille, тој им рече на другите да не ја споменуваат сопругата на Вил Смит за да не добијат и тие шлаканица како Крис Рок на Оскарите.

„Само правете ги овие три работи. Плаќајте данок, гледајте си ја работата и не го споменувајте името на жената на Вил Смит“, им порача Марфи.

Американскиот глумец и комичар Трејси Морган го најавуваше за наградата се пошегува со Марфи за неговите 10 деца и рече дека веројатно сака да го собори рекордот на Боб Марли кој има единаесет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ON-SITEFOTOS (@onsitefotos)

За потсетување, на Оскарите минатата година, Вил Смит му удри шлаканица на водителот и комичар Крис Рок, кој се шегуваше со фризурата на неговата сопруга Џејда Пинкет Смит.

Рок не знаеше дека Џејда боледува од алопеција, состојба која предизвикува губење на косата и ја спореди со Дени Мур во филмот Џи Ај Џејн.

Смит за шлаканицата од Академијата е казнет и нема да се појавува на Оскарите во наредните 10 години. Истата вечер го доби и оскарот за најдобар глумец за улогата во филмот „Кралот Ричард“.

 

Scroll to Top