(Видео) Елиф Елмас го даде првиот гол во Италија

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, го постигна дебитанскиот гол во дресот на Наполи. Фудбалерот го даде вториот гол против Сампдорија во италијанското фудбалско првенство.

Ова за Елмас е прв гол во лигата, по досега има 13 натпревари одиграно за Наполи. Tренерот Џенаро Гатусо го стави во почетниот тим, а фудбалерот му врати со одличната игра и погодок во 26 минута.

На крајот играчите на Наполи се радуваа на победата над  Сампдорија со 4:2.

.

 

Scroll to Top