(Видео) Елиф Елмас го продава дресот од Наполи, парите одат за Турција

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас преку аукција продава свој дрес од Наполи, а парите ќе ги донира за семејствата на загинатите од катастрофалните земјотреси во Турција. Елмас дресот го понуди на аукција преку својот профил на Инстаграм. Освен потпис од Елиф, на дресот се потпишани и неговите соиграчи од италијанскиот клуб.

Елиф објави и видео во кое и самиот повика да ѝ се помогне на Турција.

„Многу ми е жал за мојата земја. Се обидувам да направам што можам. Покрај помошта која досега ја дадовме, планираме да донираме и од Наполи како тим и се надеваме дека тие средства ќе стигнат како донација во Турција што е можно побргу. Ја очекуваме и вашата помош“, кажа Елмас на турски јазик.

Претходно, македонскиот репрезентативец даде гол, кој го посвети на Турција и преживеаните, но и жртвите од земјотресот.

Scroll to Top