(Видео) Елиф Елмас славеше роденден, едвај му дадоа да ја дувне тортата

Фудбалерот на Наполи, Елиф Елмас, вчера го прослави 24. роденден. Роденденската торта ја дуваше заедно со фудбалерите од македонската репрезентацијата, по поразот од Грузија.  Расположни и со доза на шеги, дури не му даваа да ги дувне свеќите на Елиф. “Фала ви многу, и сакам уште долго да сме заедно. И знаете, имам само една желба, ист сон кој го имаме сите, 2024 Еврпско “ им рече Елеф на соиграчите. Македонската репрезентација утре игра со Бугарија на Градски стадион.

Scroll to Top