(Видео) Емотивно-љубовна „Летна авантура“ на Пајак и Теодора Џехверовиќ

Македонскиот трап изведувач Христијан Настески- Пајак го објави новиот дует со српската пејачка Теодора Џехверовиќ „Летна авантура“.

„После толку време подготовка на овој прекрасен проект, мило ми е што ќе слушнете една емотивна-љубовна песна, изработена со една прекрасна личност како што е Теодора Џехверовиќ“, напиша Пајак.

„Мислам дека на сите нас помалку ни недостасува љубов, а тоа е она што сите ние со овој проект сакавме да ви го дадеме. Ви посакувам најубаво лето со најубавата летна песна“, напиша Теодора.

Музиката и текстот се на Пајак, а аранжманот го работеше Иван Јованов.

Пајак постигна голем успех со дуетските песни со Лара Иванова, Антониа Гиговска и Дј Стојан. Видеата на јутјуб имаат милионски прегледи.

 

Scroll to Top