(Видео) Фановите го исмеаја Игор Џамбазов

Актерот Игор Џамбазов, кој во изминатиот период е многу активен на социјалните мрежи, по последното објавено видео доби еден куп критики на своја сметка.

Познатиот шоумен објавува видеа на „Фејсбук“ преку кои сака да испрати порака до јавноста. Во последното Џамбазов јаде круша и  кажува позната народна поговорка.

„Убавите круши и свињите ги јадат“.

Што сакаше да порача актерот преку оваа поговорка, засега не е познато, но под видеото актерот доби голем број критики од дел од обожавателите.

„Што сакаш да кажеш со тоа, глупав е нaрoдот што живее таму? Ти си подебела свиња. Така е, убавите круши ги јадат дивите свињи, каква што си ти, а поговорката си е на место“, напишаа дел од гледачите на кои не им се допадна видеото.

Меѓу нив имаше и такви кои го фалеа.

„Секој збор алтан, хумор и срам. Едноставен, а моќен. Биди си ти“, коментираше една негова обожавателка.

Претходно Џамбазов сподели видео снимено за време на празникот Голема Богородица, кога беше во посета на мијачкото село Гари.

 

Scroll to Top