Фолк пејачката Сузана Гавазова е во Прага, каде ја пее својата нова песна „Хало“. Гавазова, одамна најави дека сака да го освои српскиот пазар, а ова е една од песните која ќе се најде на албумот. Пејачката во видеото има сосема поинаков имиџ, облечна е во долга јакна, оти обично Гавазова секогаш се појавува во секси изданија, и не е нашминкана. Обожавателите ѝ пишуваат дека и во спотот може да искористи дел од оваа снимка.
https://www.instagram.com/p/BtGhCL6hsHi/?utm_source=ig_share_sheet&igshid=1nso4e8fm2yn2&fbclid=IwAR1DRPUhCpZ3LeXKINJubDxk76UCV2iI_iuxOUMwyeChkcfnK_IWLVMBsrY