(Видео) Горан Папаз сними песна со Влатко Стефановски: Чeст ми е што работев со човекот кој никого не оставa рамнодушен со својата музика

Саксафонистот Горан Папаз објави нова песна во соработка со гитаристот Влатко Стефановски. Песната е насловена „Овој момент“. Видеоспотот е работен со режисерот и сценарист Гоце Цветановски.

Музиката е на Горан Папаз, додека аранжманот и продукцијата на песната се на Гоце Симоновски, а мастерингот е на Лазар Цветковски.

„Не можам да опишам со зборови колку ми значи ова парче музика на кое ми гостува човекот кој никого нè оставил рамнодушен со неговото свирење. Бескрајно сум благодарен на маестро Влатко Стефановски и на сите што работеа на овој проект“, рече Папаз.

Режисерот и сценарист Гоце Цветановски му се заблагодари на Папаз за довербата, а за него ова е голема чест да соработува на проект со Стефановски.

„Се надевам визуелната поддршка ќе помогне во доловувањето на магијата што ја создавате со маестро Влатко“, рече Цветановски.
Scroll to Top