(Видео) Хармоникашот Костадин Крстески компонираше ново македонско оро

19-годишниот хармоникаш, Костадин Крстески, го компонираше „Кичевска саса“, ново македонско оро. Костадин досега има компонирано, отсвирено и снимено неколку ора, а две од нив ги промовираше пред крајот на минатата година.

„Ја сакам македонската традиција и музика. Сакам сè што е поврзано со нашата музика и затоа посебно се радувам и сум горд на секое мое промовирано оро, кое е прифатено од публиката. Ланската година ја завршив со промоција на две ора, а во новава најавувам уште многу изненадувања за уживателите на македонскиот мелос“, вели младиот Костадин, кој е студент на факултетот за музичка уметност.

Тој најави дека наскоро ќе сними и албум на кој ќе бидат собрани сите негови досегашни снимени материјали.

Scroll to Top