(Видео) Хитот на Спасен Силјаноски „Ќе ти дојдам“ го полуде Балканот и Тик ток

Македонската народна песна „Ќе и дојдам вечерва“ од фолк-пејачот Спасен Силјаноски стана хит на социјалните мрежи. Ја пеат сите во регионот, но и корисници на мрежите кои не го познаваат македонскиот јазик, како афроамериканци. По дискотеките кај нас, но и на Балканот диџеите во различни миксови ја пуштаа песната, која предизвикува делириум кај публиката.

Спасен за Репортер вели дека е изненаден, но и среќен од големината на популарноста којашто ја постигнала песната „Ќе ти дојдам вечерва“ на Балканот.

„Мислам дека се почна спонтано на Тик ток со првото видео, коешто го снимија афроамериканци на таа песна. Потоа буквално почна да се шири како вирус. Јас до пред некој ден не ни знаев, бидејќи немам Тик ток, но моите деца ми покажаа видеа со мојата песна. Со тоа енормно се зголемија и прегледите и коментарите на видеото на мојот Јутјуб канал“, вели Спасен за Репортер.

@filipstefanovskii #fyp #balkan #macedonia ♬ original sound – Æ

Автор на песната е Спасен, во соработка со Златко Миладиновски и неговата мајка Јагода Силјаноска. Песната првпат е отпеана на „Лешочкиот фолк-фест“ пред 5 години.

Помеѓу видеата кои се појавија на социјалните мрежи е и српската пејачка Теа Таировиќ, но не е единствена.

„Покрај Теа Таировиќ секој ден добивам видеа од многу други познати музичари, актери, јутјубери од целиот Балкан. Се разбира дека ми годи тоа и сум среќен што пет години од излегувањето на песната конечно си го најде своето место и преку ноќ стана хит во сите поранешни Ју држави. Среќен ме прави фактот што конечно една македонска фолк песна стана хит надвор од Македонија. Кога ги читам коментарите сфаќам колку искрено ја имаат прифатено сите. Конечно и ние како Македонци покажавме дека можеме да имаме балкански хит“, рече Спасен.

@tairovic.tea #ketidojdam #trending #fy #fyp #live #viral #macedonia ♬ original sound – 🎧_𝑀𝑂𝐽𝐴𝑀𝑈𝑍𝐼𝐾𝐴_🎧

Тој има настапи и надвор од Македонија, неколку пати бил на турнеја во Австралија, но и често гостува во Италија. Нашинците одлично реагираат на „Ќе ти дојдам вечерва“, но и на сите македонски песни.

„Во Австралија сум гостувал 7 пати. Таа песна ја пеев пред 5 години која ја снимив првпат. Секогаш кога гостувам најголема еуфорија се прави на таа песна, но не мислам дека тоа е причината за наеднаш да се пее по цел Балкан. Мислам дека тоа едноставно е судбина. Квалитетот кога и да е ќе си го најде своето место кај публиката, како што го најде оваа песна сега. Сметам дека доколку би имала поголема промоција надвор од земјава песната ќе беше порано забележана. Во Австралија настапувам секаде каде што има поголема македонска заедница. Почнувајќи од Сиднеј, Мелбурн, Перт, Камбера. Навистина има публика којашто е жедна за македонската музика и којашто знае да ги препознае добрите песни, но и добиете музичари и интерпретатори. Едноставно е уживање да се пее пред публика којашто ужива во песната и заедно со вас ги пее сите стихови“, раскажа Спасен за гостувањата надвор од земјата.

@sina.vlc #fyp#viral##macedonia#ketidojdam#🇲🇰 ♬ original sound – Æ

На фолк-естрадата дружбите се чести. Тој се дружи со сите на естрадата, но најчесто е како што вели тој со кичевчаните, Влатко Миладиновски, неговиот брат Златко, Дамјан Стојановски и Дарко Стојановски.

„Јас сум човек кој што сака да се дружи, кој се радува на успесите на сите мои колеги. Се радувам на секој нов хит на било мој колегa, затоа се дружам со сите фолк пејачи од нашата естрада. Но би ги издвоил моите кичевчани, и секако еден од најблиските со кој што имам искрена соработка и приватна дружба е Благоја Грујовски“, вели Спасен.

Силјаноски вели за да се направи хитпесна е навистина тешка работа. Бара многу време, посветеност, иновативност, креативност и најбитно од се е емоцијата.

„Секогаш кога компонирам песни, јас всушност ја пренесувам мојата емоција преку ноти. Никогаш неможе да се биде сигурен дали една песна ќе биде хит, тоа времето ќе го покаже. Јас можам да ветам дека и понатака ќе продолжам да творам онака како што јас знам. Се надевам дека еден ден ќе излезе и поголем хит од „Ќе ти дојдам““, вели пејачот Спасен.

Габриела Додевска

@mario_hrnjkas_music #ketidojdam #fyp #viral #balkan #balkanskamuzika #muzika #cover #bosna🇧🇦 #serbia🇷🇸 #croatia🇭🇷 #makedonija🇲🇰 ♬ Originalton – Mario

@ervinciricciro #ketidojdam #macedonia🇲🇰 #cover #live #balkantiktok #fyp #music ♬ original sound – ervinciricciro

@azra.rmc this song is a vibe #ketidojdam #makedonija🇲🇰 #hit ♬ original sound – Æ

@dajanakoprivica 🇲🇰🇲🇰🇲🇰 #fyp #fördig #zatebe #muzika #fördigpage #zatebestrana #zatebestranica #zatebestranabalkan #ketidojdam #ketidojdamvecer #spasensiljanoski #makedonija #makedonia ♬ original sound – ⚡Samo Hustle⚡

@elvira.83_bih #CapCutVelocity #fyp #viral #fypシ #foryou #spasensiljanoski @SpasenSiljanoski-Official🎤 #ketidojdam #🎶 ♬ original sound – 🎧_𝑀𝑂𝐽𝐴𝑀𝑈𝑍𝐼𝐾𝐴_🎧

@_vila_ravijojla_ Ima li nas? hahaha😭 #viraltiktok #tiktok #fyp #fyp #viral #sound #vilaravijojla #foryoupage #foryou #fo ♬ original sound – 🎧_𝑀𝑂𝐽𝐴𝑀𝑈𝑍𝐼𝐾𝐴_🎧

@milicaopasnica svi smo mi Spasen #ketidojdam #spasensiljanoski #makedonija🇲🇰 ♬ original sound – 🎧_𝑀𝑂𝐽𝐴𝑀𝑈𝑍𝐼𝐾𝐴_🎧

@majavuckovac Makedonci ima li vas? 😂 #fyppppppppppppppppppppppp #foryoupage #tiktok #trending #viral #ketidojdam ♬ original sound – Æ

 

Scroll to Top