(Видео) И Васил Гарванлиев со навивачка песна ќе ги бодри фудбалерите на Европско

По ДНК и сестрите Невена и Калина Нешкоски од САД, и Васил Гарванлиев објави песна што им ја посвети на фудбалерите кои ќе играат на Европското првенство. Песната „Дај ми рака“, Васил ја напиша лани, а им ја посвети на сите деца на светот, но сега вели, откако ја преслушал, сфатил дека таа има порака со која им дава поддршка и на репрезентативците.

„По неколкуте наши средби со ‘Здружение Вера’ и децата со даунов синдром, добив инспирација да ја напишам оваа песна и да ја посветам за сите деца, бидејќи секој од нас е нечие дете. Кога повторно ја преслушав деновиве, сфатив дека пораката во песната се совпаѓа со истата порака за поддршка на нашите момци кои наскоро ќе ги бранат боите на Македонија“, вели Васил.

Евровизискиот претставник сними и видео за песната, во кое се појавува и Камелија Каракашева.

„Сакам да им се заблагодарам на семејството Каракашеви што дозволија Камелија да се појави во видеото. Ми ја стопливте душата“, вели Васил.

Песната „Дај ми рака“ е дел од албумот „Судбина“ што Васил ќе го промовира следниот месец.

Scroll to Top