Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски-Иџе, денеска од 18 часот возеше низ празните улици на Скопје во чест на хероите кои се на првите линии во борбата со корона вирусот.
Поранешниот двократен светски шампион возеше од Лисиче, преку Аеродром, Центар и Карпош.
„Ова се мигови кои би сакал никогаш да не се повторат. Улиците низ градовите на нашата држава, никогаш повторно да не бидат празни. Токму затоа, мудро да се вратиме во секојдневието. Нашите медицински лица, полицијата, армијата и сите наши сограѓани кои се нашите херои во овој перод , со свој придонес направија полека, но сигурно, да излеземе победници од оваа битка. Затоа во нивна чест, јас и мојот тим ќе им дадеме поддршка, но и почит како големо признание за нивната пожртвуваност“, порача Иџе.