(Видео) Игор Џамбазов на зурли и тапани во Гари

Актерот Игор Џамбазов вчера беше во мијачкото село Гари, за празникот Голема Богородица. Од таму тој сподели и видео дека ужива во убавината на селото.

dobivaj vesti na viber

За Богородица, во Гари е вистинска фешта. Со зурли и тапани, сред село се игра и се пее до рано наутро. Тоа е традиција на ова село. На времето, за овој празик се правеле свадбите, исти како галичката, со сите адети.

 

Гари е мијачко село во околината на градот Дебар. Сместено во пазувите на планината Стогово, под шумата наречена Канеш.Низ самото село поминува Гарската Река, која е заштитен споменик на природата.

Селото е особено познато по иконостасот и резбата во црквата „Успение на Пресвета Богородица“, кои биле изработени од тајфата на далеку познатиот мајстор Петре Филиповси Гарката.

Scroll to Top