(Видео) Инспирирана од навредите на „Инстаграм“, Александра Јанева направи нова песна

Пејачката Александра Јанева има нова песна „Глумиме“, која настанала откако добила навредлива порака на социјалните мрежи. Пораката била од лажен профил, но тоа дополнително ја испровоцирало Јанева да го напише текстот за песната. Музиката е на Лазар Цветкоски.

„Секој пејач кој често настапува во живо знае дека очите на публиката се постојано вперени во него и секој негов чекор буди најразлични чувства и поделени коментари кај нив. Инспирацијата за ‘Глумиме’ дојде по една необична порака што ја добив во инбокс, од лажен профил. Се насмеав на пораката и првото нешто што ми дојде на памет беше колку им е забавно на поединци да ѕиркаат во туѓи животи. И така почнав да си реплицирам, со рефрен за нова песна. За неколку дена и јавно ќе ја објавам пораката што ја добив зашто сметам дека мојата публика треба да го види тоа,“ вели пејачката.

Александра сними и спот за „Глумиме“, во режија на Ѓорѓи Вацев. Со неа во видеото се појавува моделот Илија Андов.

Песната „Глумиме“ ќе се најде на вториот албум на Александра, а таа најави уште неколку нови песни во наредниот период.

Scroll to Top