(Видео) Ивона Јо сака да сними дует со Влатко Лозаноски: би била одлична балада

Пејачката Ивона Јо одговараше на прашања на нејзините следбеници на Инстаграм. На прашањето дали би прифатила дует со Влатко Лозаноски, Ивона даде потврден одговор, додека во позадина слуша и пее на песна од Лозано.

„Апсолутно да. Мислам дека би била одлична баладична песна. Музички колаборации фалат на нашата естрада“, напиша како одговор Ивона.

 

Инаку кумановката неодамна направи провокативна фотосесија со која пренес силна порака до сите жени, зборувајќи за тоа дека забавата не завршува во 30-тите години и дека брчките не значат дека старееме.

Фотосесијата на пејачката ја направила со фотографот Мартин Тајановски.

 

Scroll to Top