(Видео) Јана Бурческа по шест години пауза има нова песна на англиски јазик

Јана Бурческа ја објави нејзината нова песна „Хоум алоун“ на англиски јазик, а за песната направи и спот. Ова е прва песна на Бурческа по пауза од шест години откако настапи на изборот за песна на Евровизија.

Песната Бурческа првпат ја промовирала во Шпанија, на евровизиската забава по изборот на шпанскиот евровизиски претставик.

Автори на музиката се самата Јана и Драги Иванов, додека звукот на „Хоум алоун“ е финиширан со мастеринг од германскиот платинест инженер на звук Рој Реклиз. Спорот е во режија на Ѓорги Вацев, додека за изгледот на Јана во спотот се погрижил модниот дизајнер Митко Занов, мејкап артистката Ивана Деловска, стилистот Елена Николовска, фотографите Лазар Зафировски и Петар Петковски.

 

Scroll to Top