(Видео) Јанг Дади ја објави новата песна „Метро“ со која го најави албумот

Артистот Јанг Дади ја објави неговата нова песна насловена „Метро“ со која го најави првиот дел од неговиот албум „Scorpius“.

„Се чувствувам исклучително благословено поради сите вас. Многу сум благодарен што го имам најдобриот тим, семејството со најголема поддршка, најгрижливите пријатели и најверните навивачи. Денес е голем ден за мене. Се роди моето прво бебе „Scorpius““, изјави Дади.

Музиката и текстот за песната „Метро“ се на Јанг Дади.

Јанг Дади неодамна имаше соработка со артистот Матеј Фолз, песната е насловена „Лавиринт“.

 

Scroll to Top