(Видео) Јанг Дади ја ојбави новата песна „Дваесет“

Пејачот Young Dadi објави нова песна „Дваесет“. Музиката и текстот се негови, а ја сними со Лазар Цветковски и JustRTprodcution. Пее за љубовта, а рече инспирација му била музиката од деведесетите.

„Сакав да направам нешто поразлично од сега, а ме инспирираа песните и музиката од деведесетите. Ми се допаѓаат и во мене будат убава енергија и топлина. Мислам дека ќе им се допадне на публиката особено на новата генерација“, рече Дади.

Спотот го снимија на неколку места низ Скопје, во ГТЦ, стан во Градски ѕид, скејтпаркот во Карпош 3 и паркингот кај арената „Борис Трајковски“. Покрај Дади во спотот глуми и Елена.

Scroll to Top