Лиде Лиде, дамата која стана позната по пресовите на министерот за здравство Венко Филипче и на кој му оставаше коментари за тоа колку е заљубена во него, сега сними уште една песна за него. Текстот го смислила со нејзина пријателка, а песната ја снимиле со мобилен телефон.
„Гардеробата моја си е. Спотот го снимив со мојот мобилен и e пародија на уфилмани фаци, продуцентски куќи, типови у филм на мафијаши. Текстот го пишував сабајлечки низ муабет со Мариана Арсова. Пеев сабајлечки за да ми биде секси гласот. Благодарност до сите што ме поддржувате да не паднам, а другите не знаат поинаку“, напиша Лиде под видеото.
Ова е втора нејзина песна која ја испеа за Венко. Претходно таа ја отпеа „Лиде на Венко“.
Во едно гостување во емисија дури и министерот Филипче вети дека ќе се сретне со Лиде Лиде. Подоцна се сретнаа навистна, ама го одложија кафето за друг пат. Лиде Лиде тогаш објави фотографија на социјалните мрежи на која пишува „конечно го сретнав“.
(Видео) Го чекам мокра ко сирена: Лиде Лиде сними песна за Венко