Поп-дивата Калиопи по три години повторно е со нејзиниот поранешен сопруг, Ромео Грил. Таа објави видео како го пречекува на Скопскиот аеродром, каде Ромео пристигна од Швајцарија. Потоа тие заедно во автомобил заминаа накај Скопје. Расположени и со насмевки поранешните сопружници не ја криеја радоста за повторната средба по три години.
„По три години повторно обединување! Добредојде Ромео. Повторно донесе две скапоцени песни. Ајде да работиме“, вели Калиопи.
Со ова таа најави дека наскоро на публиката ќе и се претстави со две нови песни зад кој стои Ромео.
Не е тајна дека таа и Ромео, со години музички соработуваат. Се шпекулираше и дека едно време беа повторно во љубов, но двојката никогаш не ја потврди веста. Таа и Ромео, се заедно од 80-тите, беа во брак, па се разделија. Ромео отиде во Швајцарија заедно со нивниот син Пако, тема за која пејачката речиси никогаш не сака да зборува. Калиопи беше во брак и со актерот Васил Зафирчев, за кого по разводот кажа дека се во одлични односи.