(Видео) Калиопи, Мима Карачиќ и актерите од Белградското драмско позориште на нозе ја кренаа цела кафеана во Скопје

Поп пејачката Калиопи и српскиот актер Мима Карачиќ во скопската кафеана „Дукат“ се расположија со актерската екипа, која вечерва ќе настапува во МНТ со театарската претстава „Лет над кукавичкото гнездо“.

Веселбата започна со македонска музика. Екипата од Белградското драмско позориште го поздравија со „Сонце за три света“, додека Мима пренесувааше лајв на социјалните мрежи и вели фантастична музика. Расположени со добро македонско вино и музика за душа, за гостите од Белград имаше и српска народна музика која ја загреа атмосферата. Се пееја песни на цел глас од Тома, па се до Чола. Мима имаше и рецитал, а присутните во цела кафана слушаа, музиката престана да свири, а кога заврши доби гласен аплауз. Атмосферата ја понесе и Калиопи, па и таа покрај нејзината добро позната „Бато“, ја отпеа и „Беле руже, нежне руже“ од Цуне Гојковиќ.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mima Karadzic (@karadzicmima)

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mima Karadzic (@karadzicmima)

Во екипата која беше присутна недостасуваше актерот Драган Бјелогрлиќ кој ќе ја има главната улога во претставата.

Претставата во МНТ ќе има две изведби на 4 и 5 октомври, а времетраењето е 140 минути со пауза.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Scroll to Top