(Видео) Калиопи се потсети на првиот настап на „Златно славејче“

Пејачката Калиопи Букле се потсети на нејзиниот прв настап од детскиот фестивал „Златно славејче“ од 1976 година. По повод 50 години од фестивалот таа го сподели видеото од нејзиниот втор настап.

„Многу ми е жал што мојот прв настап и победа на легендарниот детски фестивал ‘Златно славејче’ со песната „Мојата учителка” веќе не постои во архивите. Тој е избришан, како и снимки на многу други фестивали од неговото основање. Штета! Затоа што тоа беше историја и нешто што е дел од богатството на оваа моја земја. Фестивалот оваа година слави 50-годишнина од постоењето. За среќа, постои оваа снимка, која е направена 9 години подоцна по мојот прв настап, кога веќе ја започнав мојата кариера со групата ‘Калиопи’. На сцената е и мојот обожаван и сакан маестро Александар Џамбазов, авторот на мојата песна и некој што ми предвиде голема иднина во музиката. Му благодарам за тоа. Исто така, благодарение на фестивалот ‘Златно славејче’,“ напиша Калиопи.

Видеото, откри таа, го направил нејзиниот братучед кој ја снимил од публиката.

„Ова е единственото нешто што останува да сведочи за мојот настап во 1976 година на фестивалот „Златно славејче“. Снимката е направена од камерата на мојот братучед од 8 мм“ – напиша Калиопи.

 

View this post on Instagram

 

I am very sorry that my first performance and victory at the legendary children’s festival “Golden Nightingale” in 1976, with the song “My Teacher” no longer exists in the archives of the Macedonian National Television. It has been deleted, as well as many other festivals’ recording since its inception. Damage…Because it was history and something that is part of the treasure of this country of mine. The festival is celebrating its 50th anniversary this year. Fortunately, this recording exists, which was taken 9 years later after my first performance, when I have already started my career with the group “Kaliopi”. It was again some jubilee festival. On the stage is my adored and beloved maestro and orchestra conductor Aleksandar Dzambazov, the author of my song and someone who foresaw a great future for me in music. I thank him for that. Also thanks to the “Golden Nightingale” Festival. And this song has been for a long time an anthem in schools. Enjoy! @maestrodzambo #❤️ #фестивал #златнославејче

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official) on

Scroll to Top