Македонската глумица Камка Тоциновски снимки жешка секс сцена со пејачот Реља Поповиќ за српската хит-серија „Беса“. Камка има една од споредните улоги во серијата што во моментов се прикажува кај нас и во регионот.
Секс-сцената ја изненади јавноста, но предизвика позитивни реакции на социјалните мрежи. На Твитер коментираат дека е ред и македонските глумици да бидат професионалци и да не одбиваат да се разголат на филм, иако Камка не е првата актерка од Македонија што се соблекла за улога.
Секс-сцената на Камка и Реља е во третата епизода на „Беса“.
Серијата „Беса“ раскажува приказна за нарко-картелите на Балканот, а дејствието се случува во Србија, Албанија и Црна Гора. Главните улоги ги играат Милан Мариќ, Милош Тимотијевиќ, Арбен Барјактарај, Лана Бариќ, Милица Гојковиќ и други. Во втората сезона, меѓу новите ликови е и Реља Поповиќ, кој е еден од најпопуларните хип-хопери во Србија. Тој глуми телохранител на криминалецот и нарко-дилер Лука, кој го игра Милан Мариќ.