Стефан Величковски македонскиот претставник во „Ѕвездите на Гранд“, ги освои симпатиите на членовите на жирито во музичкото шоу и со максимален број на гласови се пласираше во третиот круг.
Една од воодушентие од негоиот настап беше и српската пејачка Јелена Карлеуша, која ѝ покрај тоа што во првиот круг влезе во вербална расправија со Стефан, сепак на крајот му ја даде нејзината поддршка.
Стефан во вториот круг се претстави со песните „Још увијек сањам да смо заједно“ од Тоше Проески и „Петак на суботу“ од Жељко Јоксимовиќ.
„Добро те научила Вики, само да пееш, а не да збориш и да се расправаш!“, му кажа Карлеуша на Стефан.
Вики Миљковиќ овој пат немаше можност да гласа за Стефан бидејќи тој ја избра токму неа да му биде ментор, но сите останати членови на жирито го подржаа Стефан.