(Видео) Каролина го промовираше спотот за највеселата песна од албумот

Поп-ѕвездата Каролина Гочева го промовираше спотот за песната „Бели цветови“, која е дел од нејзиниот нов албум „Извор“.

„Драги мои, со задоволство ви го претставувам видеозаписот за највеселата песна од албумот, ‘Бели цветови’. Се надевам дека нашава убава приказна дополнително ќе ви ги разубави овие последни сончеви денови. Уживајте!“ – напиша Каролина на социјалните мрежи.

Видеото е снимано пред два месеци на неколку локации во Скопје.

Scroll to Top