(Видео) Каролина и Елена конечно заедно запеаја во јавност

Поп-пејачката Каролина Гочева објави видео од настапот за Нова година во Македонската телевизија, каде заедно пееше со Елена Ристеска. Двете ја испеаа песната „Доживотно“, а Каролина рече дека по долги години конечно имала можност да биде заедно со нејзината сакана другарка.
„После долги години дружба, пред некој месец конечно запеавме заедно во јавност. „Доживотно“ со мојата сакана другарка, нашата најубава Елена Ристеска“, рече Каролина.

Scroll to Top