(Видео) Каролина најави нов албум: Ќе ги слушнете најубавите македонски евергрини

После подолго време, поп-ѕвездата Каролина Гочева најави нов албум, на кој две години работела со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски. Албумот е сниман на почетокот на оваа година иако уште од пред пет години е идејата за овој проект.

“Многу се радувам што конечно можам да ви го најавам мојот нов албум – проект на кој заедно со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски скоро две години. Албумот го снимивме на почетокот на оваа година, во јануари, додека идејата за истиот се роди уште во 2016. после нашиот прв заеднички настап, на еден концерт на Дуке“, вели Каролина. На албумот се 11 преработки од најубавите македонски евергрини од 50., 60 и 70. години- златната ера на македонската музика, потпишани од некои од нашите најмаркантни автори како Драган Ѓаконовски Шпато, Димитар Масевски, Тодор Бојаџиев, Љубомир Бранѓолица….
“За неколку дена ќе може да го слушнете првиот сингл ,,Идила”, додека целиот албум ќе биде достапен наесен. Секако дека планираме и нестрпливо го чекаме денот кога со вас ќе се дружиме и во живо, што ќе се случи во прва прилика штом ќе може да се работи онака како што се работеше до пред појавата на пандемијата. Се надевам дека ќе уживате во овој проект толку колку што и ние уживавме во целиот процес на неговото создавање“, вели поп-ѕвездата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Scroll to Top