Босанската ѕвезда на севдахот Амира Медуњанин имаше концерт во античкиот локалитет Хераклеа во Битола. Како изненадување на вечерта, на сцената се појави поп-ѕвезда Каролина Гочева , па заедно на сцената и заедно ја изведоа „Македонско девојче“.
Амира Медуњанин е една од најактивните промотори на музичкото наследство на Босна и Херцеговина. Неодамна излезе и нејзиниот најнов студиски албум со наслов „For Him and for Her“ во издание на Кроација Рекордс, посветен на двете легенди на кафеанската музика Тома Здравковиќ и Силвана Арменулиќ, кој за брзо време стана апсолутен хит на дигиталните платформи, а и во Охрид ѝ беше премиерно претставен пред публиката со неколку нумери.
Концертот го организираше „Авалон“ продукција.