(Видео) Каролина се лизгаше со чевлите низ Сплит, туристите збунето гледаа во перформансот на поп ѕвездата

Поп пејачката Каролина Гочева објави видео како се лизга со нејзината помала внука Инес во стариот дел од Сплит.

Видеото е направено додека пејачката со нејзината сестра, Сандра и внуките беше на одмор во Хрватска, каде го прославија роденденот на Инес.

Каролина ова лето исто така беше на одмор заедно и со нејзиниот сопруг Михаил во Италија.

Пејачката во интервју за Репортер изјави дека деновите кои ги поминува со нејзината сестра и внуките и се најубави.

Посебна приказна е сестра ѝ Сандра, од која е две години постара. „Уште кревам паника ако ја нема да се јави, па им вртам на сите можни луѓе што се околу неа за да ја чујам ако не ми крене. Сега внуките ме научија, па ѝ велат: мамо јави ѝ се на тета за да не се секира. Кога бевме мали, двете бевме рогови во вреќа оти во тинејџерските години се забележуваше таа разлика. Денес, имаме исти пријатели и многу сме блиски. Кога се караме, сакам да држам лутина, ама не ми оди, а и денес, исто како и кога бевме мали, си ја крадеме облеката една на друга“, раскажува Каролина.

Со посебна љубов зборува за внуките Луција и Инес, оти ако вели, љубовта на тетката е веројатно слична како што е љубовта на мајката кон децата.

На почетокот на летото, пејачката беше на женски одмор во Грција, заедно со нивната мајка, Светлана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Scroll to Top