(Видео) „Kажу да време лечи све“, со помош на АИ технологија нова песна на Тоше Проески

„Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе“… се стиховите од рефренот на последната отпеана песна од нашата најголема македонска музичка ѕвезда Тоше Проески.

„Kажу да време лечи све“ е насловот на песната која се чинеше дека можеби никогаш нема да го здогледа светлото на денот. Но со помош на новата АИ технологија е изваден вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка.

Затоа токму баш сега, во овој момент, по толку години песната ќе доживее свое издание. Оставена како аманет на еден од ретките вистински пријатели кој што Тоше ги имаше во неговиот живот- нашиот познат радио водител, диџеј и продуцент Кирил Зарлинов попознат како (диџеј Ерик Фокс). Тој одлучи демо снимката комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот роденден, се со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени.

Првата демо снимка е направена во септември 2004 година во домашното студио на Кирил.

Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (диџеј Ерик Фокс). Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс инженер, кој долги години живее и работи во САД, Костадин Камчев -„Студио Моцарт” од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките ГРЕМИ награди за најдобар микс инженер.

„Голема благодарност до целата екипа кои што несебично помогна во реализацијата на песната; Давор Јордановски, Дарко Тасев, Иле Спасев, Јован Јованов и Александар Тасиќ од Лесковац. Посебна благодарност до Александар Трајковски кој што ја донесе песната во Македонија и му ја понуди на Тоше“, изјави Кирил.

За спотот се погрижи екипата на „Студио 351” од Кавадарци.

Scroll to Top