(Видео) Ќерката на Есма ќе ѝ парира на Анастасија Ражнатовиќ

Ќерката на покојната кралица на ромската музика Есма Реџепова, Елонора, сними песна на српски јазик „Теби се предајем”. Елеонора која е позната под името Малиша вели спотот го снимиле во Бугарија.

Долго време чекала на овој проект, но крајот и се исплател. Таа вели дека сака да се проба на српскиот пазар и дека ќе и претставува сериозна конкуренција на ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ.

„Долго време чекав на овој проект, но на крајот се исплатеше, со мојот тим на соработници направивме одличен пакет кој верувам дека ќе и се допадне на публиката. Презадоволна сум од соработката со “IDJTUNES”, а исто така презадоволна сум и од видеоспотот кој го снимивме во соседна Бугарија“, вели Малиша.

Scroll to Top