(Видео) Кочани, Кочани… емоции на крајот од првиот фудбалски натпревар во градот по трагедијата

Денеска беше одигран првиот фудбалски натпревар во Кочани по трагедијата со пожарот во дискотеката „Пулс“.

Мечот се одигра помеѓу тимот на Осогово во Кочани и тимот на Македонија ЃП.

Натпреварот заврши 0:0.

Во 59. минута почна ракоплескање во помен на 59-те жртви од пожарот, а штипската телевизија „М Нет“ го пренесе моментот.

Потоа се скандираше „Кочани, Кочани“ за градот обвиткан во црно.

Scroll to Top