(Видео) Kога ќе се фрлам во Вардар ЕВН нека ме вади: Весна ја доби јануарската сметка за струја

Актерката Весна Петрушевска реагираше на високата сметка за струја која ја доби за јануари, а која според одлуката на Владата од годинава е зголемена за 40%. Таа утринава сними видео и рече дека ова што го прават е вистински рекет.

„Слушам се жалите за сметките за струја. Е па да вижам дека едната ми е 14.000, а другата 18.000 денари. Знаете кога друг пат ќе одам да им ги вадам сметките од вода? Па кога ќе се фрлам јас во Вардар, тие нека ме вадат. Значи 18.000 денари сметка за струја кога ќе ти дојде, прво не знаеш дали да седнеш на столче. Ма прво нема да го најдеш столчето, а после кога ќе го најдеш си викаш, мора да платиш. Рекетари едни“, рече Весна.

За потсетување, пред неколку години автомобилот на Весна се најде во водите на Вардар, а ЕВН го искористи тоа за да сними реклама.

Scroll to Top