Во пресрет на Европското првенство во фудбал, еден од најдобите спортски коментатори во Македонија, Атанас Костовски, се појави во новата реклама на Скопско. Емотивната приказна за пензионираниот коментатор, кој натпреварите ги гледа на телевизија сам, веднаш го привлече вниманието на јавноста. На социјалните мрежи коментираат дека е одлична, па ја споделуваат и пишуваат дека одамна не ги расплакала некоја реклама.
„Да се шизици сега у јавен сервис, па да ги викнат Таско, Зоран Михајлов, Калински, да бидат премиум коментаторски тим за Европското првенство во чест на првиот настап на македонската репрезентација. Ама не верувам дека се. А баш би било добро, почест за нив, а почест и за репрезентацијата и за нас“, пишува во коментарите.
„Потребно е само малку за да направиме да биде убаво. Заедно и сè е можно“, стои во описот на рекламата која ја режираше Марко Ѓоковиќ. Музиката е на Игор Василев – Новоградска, преработка на хитот на „Оптими-СКА“ од Суперхикс.